fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Мисинформации – искрено верување во лагите

Погрешните информации или т.н. мисинформации претставуваат неточни информации споделени без намера за нанесување штета или манипулација. Овие информации се лажни, но оној што ги споделува и ги шири мисли дека се вистинити и кога ги споделува, тоа не го прави намерно, со цел наведување, збунување или манипулирање.

Напредокот на технологијата ја направи информацијата многу подостапна. Но брзината со која стигнува, може да биде и опасна, особено ако е само делумно вистинита.

За жал, брзото ширење на информациите, во денешно време може да значи и брзо распространување на дезинформации, погрешни и злонамерни информации, теории на заговор, кои се познати и како токсични или штетни наративи, чија цел е да направат паралелна реалност и да создадат лажна вистина.

Доколку добијат доволно голем замав, погрешните информации и штетните наративи како екстремниот национализам или говор на омраза можат да го сменат текот на одредени општествено-политички процеси.

Мисинформации - искрено верување во лагитеВо таа смисла тие имаат моќ да менуваат одредени политички одлуки, да влијаат врз одредени процеси, избори и врз креирањето политики.

Јавноста која е погрешно информирана може да влијае врз овие процеси, а токму тоа може да се искористи од страна на одредени политички актери, кои се обидуваат да го обликуваат јавното мислење во своја полза, најчесто на штета на нивните политички противници.

Злонамерни информации – сол на рана

Но, постојат и „кујни“ кои шират вистинити информации  – со зла намера. Тоа се злонамерни информации, односно, малинформации, за кои однапред се знае дека ќе нанесат штета, често со пренесување на информациите што треба да останат приватни.

Малинформации - злонамерни информацииСе смета дека е подобро да се биде неинформиран граѓанин, отколку граѓанин кој е погрешно информиран. Погрешните информации ја намалуваат довербата во легитимни и релевантни извори на информации, а тоа придонесува за олеснување на преземањето, односно усвојувањето на одредени штетни политички наративи од страна на јавноста.

Развојот на технологијата, како и подемот на социјалните медиуми и разните социјални платформи, има големо влијание врз начинот на којшто се шират погрешните информации. Оттаму, улогата на медиумите и на новинарите е да бидат коректив за спречување на ширењето на погрешни информации.

До следното издание, погледнете го истражувањето Штет-на. Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Користи факти“, што е поддржан од Британската амбасада во Скопје.