За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Media Edukathon во Атина: Иновативни едукативни проекти за ВИ и медиумите

Во периодот од 3 до 5 септември 2025 година, во Атина се одржа Media Edukathon – настан кој обедини 60 професионалци од 16 земји, посветен на развој на иновативни едукативни проекти и алатки за вештачката интелигенција (ВИ) и нејзиното влијание врз медиумите.

Истражувачи, новинари, едукатори и наставници со ентузијазам се приклучија на создавањето нови решенија. Врз основа на податоците што проектот ТАДАМ ги собираше во изминатите осумнаесет месеци низ Европа – преку вебинари и работилници – учесниците ги идентификуваа најрелевантните теми и формираа тимови подготвени да работат на заеднички вредности: информации, пристрасност, емоции и креативност. Секој тим броеше меѓу четири и осум професионалци.

Предизвикот беше јасен: да се одговори на конкретен проблем со иновативен и веднаш применлив едукативен концепт. Следеа интензивни „brainstorming“ сесии, инструкции, консултативни состаноци, тимска работа и креативни решенија, сè во духот на соработка и пријателско натпреварување.

На крајот, учесниците развија и презентираа девет едукативни ресурси насочени кон поттикнување на критичкото размислување во контекст на ВИ, меѓу кои:

  • Prompt Wis(c)e
  • AI for Artistic Imperfection
  • Stereo-tips
  • My Best Friend Chatty
  • AI and Journalism
  • ABNORMALAIZE
  • MY WAI – Myths, Witness and Critical Dialogue with AI
  • How AI Frames Your Cinematic Story
  • AI Mirrors Your Emotions

Сите овие материјали сега се во рацете на конзорциумот ТАДАМ, кој ќе ги унапреди, усогласи и претвори во сета алатки што ќе бидат јавно достапни до крајот на декември 2025 година.

Конзорциумот ТАДАМ изразува благодарност до сите учесници за нивниот активен придонес, ентузијазам, љубезност и тимски дух што го направија настанот вистински успешен пример на креативна соработка.