fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Конференција: Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација

Транспарентноста на институциите и отворената политичка комуникација се клучни за градење доверба помеѓу граѓаните и власта. Кога институциите искрено и јасно ги споделуваат информациите за своите одлуки и активности, тоа овозможува граѓаните да бидат информирани, да учествуваат во дебати и да влијаат на одлуките што ги засегаат.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да ја проследите конференцијата „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“, што ќе се одржи на 04 декември 2024 година, почнувајќи од 13:00 часот, во хотелот „Холидеј ин“ – Скопје.

Конференцијата ќе отвори дебата за унапредување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции и политичките актери, преку подобрување на стандардите на политичка комуникација.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Жанета Трајкоска, директорка на ИКС, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ, и Даниел Филер, вршител на должност, Британска амбасада во Скопје. Посебно внимание ќе биде посветено на одговорноста на политичките актери и институциите за искрена и ефективна комуникација со јавноста, особено во чувствителните предизборни и изборни периоди, како и на улогата на медиумите во известувањето за политичките процеси.

Сите заинтересирани треба да се регистрираат за учество на конференцијата најдоцна до 1 декември (недела).

 

*За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени патните трошоци во износ на автобуски билет.

Конференцијата е организирана од Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт: Александра Теменугова, програмски менаџер –

 

ДНЕВЕН РЕД

Време Сесија
12:30–13:00 Пријавување
13:00–13:20

Поздравни обраќања

д-р Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии

д-р Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ

Даниел Филер, вршител на должност, Британска амбасада во Скопје

13:20–14:30 Сесија 1: ДЕМОКРАТСКО НАЗАДУВАЊЕ: ВЛИЈАНИЕТО НА ШТЕТНИТЕ НАРАТИВИ И ПОЛИТИКАТА НА МОЌТА

 

Откривање на корените на токсичната политика: Презентација на деветмесечното истражување на ИКС за штетните политички наративи во Северна Македонија
д-р Елеонора Серафимовска, истражувач, ИКС и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Клучни наоди од изборниот мониторинг на ОБСЕ-ОДИХР во Северна Македонија
Ноеми Арчидиaчоно, соработник за проекти на ОДИХР и политички аналитичар во Мисијата за набљудување на избори на ОДИХР во Северна Македонија

Како можеме да ги сочуваме демократските вредности, етичките стандарди и јавната доверба во ерата на пост-вистина во политиката?
д-р Аленка Јелен, Универзитет во Стирлинг, Шкотска

Криза на довербата: Како токсичната реторика влијае на медиумите и институционалната стабилност
д-р Вацлав Штетка, професор по комуникација и медиуми, Универзитет во Лофборо, Обединето Кралство

Модератор: Ива Ненадиќ, Центар за медиумски плурализам и слобода при Институтот на Европскиот универзитет, Фиренца, Италија

14:30–15:00 Прашања и одговори
15:00–15:15 Кафе пауза
15:15–16:15 Сесија 2: ПОВРШНО наспроти БАВНО НОВИНАРСТВО – МОЖАТ ЛИ МЕДИУМИТЕ ДА ПОМОГНАТ ВО ВРАЌАЊЕТО НА ЈАВНАТА ДОВЕРБА?

 

Поуки од праксата: Како медиумите можат да ја поттикнат одговорноста во македонската политика
Фросина Димеска
, новинарка, Призма, БИРН

Како Владата на Северна Македонија дава приоритет на отвореноста при градењето доверба
м-р Марија Митева, портпарол на Владата на Северна Македонија

Можеме ли да слушаме погласно? Конструктивното новинарство како лек за поларизацијата
Курт Странд,
новинар, Институт за конструктивно новинарство, Архус, Данска

Кон повисоки стандарди на одговорност во новинарството
м-р Драган Секуловски, директор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)

Модератор: Александра Теменугова, програмски менаџер во ИКС

16:15–16:45 Прашања и одговори
16:45–17:00 Заклучоци
17:00 Коктел

Transparenca e institucioneve dhe komunikimi i hapur politik janë thelbësore për ndërtimin e besimit midis qytetarëve dhe qeverisë. Kur institucionet ndajnë në mënyrë të ndershme dhe të qartë informacionin për vendimet dhe aktivitetet e tyre, kjo lejon që qytetarët të informohen, të marrin pjesë në debate dhe të ndikojnë në vendimet që i prekin ata.

Instituti për Studime të Komunikimit (IKS), Ju fton të merrni pjesë në konferencën “Institucionet përgjegjëse përmes rritjes së transparencës dhe komunikimit politik“, që do të mbahet më 4 dhjetor 2024, duke filluar nga ora 13:00, në Hotel Holiday Inn – Shkup.

Konferenca do të hapë një debat mbi promovimin e transparencës dhe llogaridhënies së institucioneve publike dhe aktorëve politikë duke përmirësuar standardet e komunikimit politik.

Fjalime hyrëse në konferencë do të mbajnë Zhaneta Trajkoska, drejtoreshë e IKS-së, Hristijan Mickoski, kryetar i Qeverisë së RMV-së dhe Daniel Filer, ushtrues detyre i Ambasadës Britanike në Shkup. Vëmendje e veçantë do t’i kushtohet përgjegjësisë së aktorëve dhe institucioneve politike për komunikim të ndershëm dhe efektiv me publikun, veçanërisht në periudha të ndjeshme parazgjedhore dhe zgjedhore, si dhe rolit të mediave në raportimin për proceset politike.

Të gjitha palët e interesuara duhet të regjistrohen për të marrë pjesë në konferencë jo më vonë se data 1 dhjetor (e diel).

* Shpenzimet e udhëtimit në shumën e një bilete autobusi do të mbulohen për pjesëmarrësit që vijnë nga jashtë Shkupit.

Konferenca organizohet nga Instituti për Studime të Komunikimit (IKS) në kuadër të projektit “Përdor fakte”, i cili mbështetet nga Ambasada Britanike në Shkup.

Personi për kontakt: Aleksandra Temenugova, Menaxhere e Programit

 

AGJENDA

Ora Sesioni
12:30-13:00 Regjistrimi
13:00–13:20

Fjalime përshëndetëse

dr. Zhaneta Trajkoska, drejtoreshë e Institutit për Studime të Komunikimit (ISK)

dr. Hristijan Mickoski, Kryetar i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut

Daniel Filer, ushtrues detyre, Ambasada Britanike në Maqedoninë e Veriut

13:20–15:00 Sesioni 1:  ZMBRAPSJA DEMOKRATIKE? NDIKIMI I NARRATIVEVE TË DËMSHME DHE POLITIKËS SË PUSHTETIT

 

Zbulimi i rrënjëve të politikës toksike: Prezantimi i hulumtimit nëntëmujor të IKS-së, mbi narrativet e dëmshme politike në Maqedoninë e Veriut
dr. Eleonora Serafimovska, hulumtuese, IKS dhe Instituti për kërkime sociologjike dhe politiko-ligjore, Shkup

Gjetjet kryesore nga Monitorimi i Zgjedhjeve të OSBE-ODIHR në Maqedoninë e Veriut
Noemi Archidiacino
, bashkëpunëtor për projektin e ODIHR-së dhe analist politik në Misionin e ODIHR-së për vëzhgimin e zgjedhjeve në Maqedoninë e Veriut

Si mund të ruajmë vlerat demokratike, standardet etike dhe besimin e publikut në një epokë të politikës pas të vërtetës?
dr. Alenka Yellen, Universiteti i Stirling, Skoci

Kriza e besimit: Si ndikon retorika toksike në mediat dhe stabilitetin institucional
dr. Vaclav Štetka, Profesor për Komunikime dhe Media, Universiteti Loughborough, Mbretëria e Bashkuar

Moderator: Iva Nenadić, Hulumtuese, Qendra për Pluralizëm dhe Liri të Medias, Instituti Universitar Evropian, Firence, Itali

14:30–15:00

Sesion për pyetje dhe përgjigje

15:00–15:15

Pauzë për kafe

15:15–16:15 Sesioni 2: GAZETARIA SIPËRFAQËSORE kundrejt GAZETARISË SË NGADALTË – A MUND TË NDIHMOJNË MEDIAT NË RIVENDOSJEN e BESIMIT TË PUBLIKUT?

 

Mësime nga praktika: Si media mund të nxisë llogaridhënien në politikën maqedonase
Frosina Dimeska
, gazetare, Prizma, BIRN

Si Qeveria e Maqedonisë së Veriut i jep prioritet hapjes gjatë ndërtimit të besimit
mr. Marija Miteva, Zëdhënëse e Qeverisë së Maqedonisë së Veriut

A mund të dëgjojmë më zëshëm? Gazetaria konstruktive si kurë për polarizimin
Kurt Strand
, gazetar, Instituti për Gazetari Konstruktive, Aarhus, Danimarkë

Drejt standardeve më të larta të llogaridhënies në gazetari
mr. Dragan Sekullovski, drejtore i Shoqatës së Gazetarëve të Maqedonisë (SHGM)

Moderator: Aleksandra Temenugova, Menaxhere e Programit në IKS

16:15 – 16:45

Pyetje dhe përgjigje

16:45 – 17:00

Konkluzione

17:00

Koktel

Говорници

д-р Жанета Трајкоска

д-р Жанета Трајкоска е вонреден професор и директорка на Институтот за комуникациски студии во Скопје. Таа e дипломиран новинар, магистер по комуникација и менаџмент и доктор по политички науки. Работи како научен соработник и истражувач во областа на медиумите и новинарството, односите со јавноста и политичката комуникација. Има повеќе од 25-годишно искуство во водење меѓународни и домашни проекти за медиуми и новинарско образование, стратегиски комуникации, кампањи од јавен интерес и развивање студиски програми за новинарство и односи со јавноста. Трајкоска е една од основачите на Македонскиот прес-центар, Македонскиот институт за медиуми, како и на Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Институтот за комуникациски студии.

д-р Ива Ненадиќ

Ива Ненадиќ е научен координатор на Центарот за медиумски плурализам и слобода на медиумите при Европскиот универзитетски институт и доцент по новинарство на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Загреб. Таа го проучува медиумскиот плурализам и интегритетот на политичката информативна сфера во контекст на растечката моќ на технолошките компании и нивните меѓусебни политички и деловни интереси. Таа е член на Комитетот на експерти за влијанијата на генеративната вештачка интелигенција (GenAI) за слобода на изразување (MSI-AI) при Советот на Европа и во Управниот комитет на Европската опсерваторија за дигитални медиуми (EDMO).

д-р Елеонора Серафимовска

Д-р Елеонора Серафимовска е редовен професор во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ‒ Скопје) од 1996 година. Теоретскиот и истражувачки интерес на Серафимовска се од областа на човечката интеракција и комуникација, личниот и колективниот идентитет, политичките ставови и вредности, масовните комуникации и комуникација во кибер-просторот. Ги држи предметите Комуникациски истражувачки методи и Медиумска психологија.

Ноеми Арчидиачоно

Ноеми Арчидиaчоно моментално работи како соработник за проекти на ОДИХР за проектот ОБСЕ/ОДИХР за поддршка на изборните реформи во Западен Балкан. Претходно работела како политички аналитичар за време на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР (НМИ) во Северна Македонија во 2024 година. Во текот на нејзината кариера има учествувано во набљудувачки мисии за избори на ОБСЕ/ОДИХР како краткорочен набљудувач, долгорочен набљудувач и политички аналитичар во неколку земји. Дополнително, има работено во мисии на ЕУ за помош за изборите во различни африкански земји. Претходно во нејзината кариера Ноеми била активно вклучена во невладиниот сектор, каде што била соосновач и раководител на организација фокусирана на мисии за набљудување на изборите предводени од младите.

д-р Аленка Јелен

Д-р Аленка Јелен е вонреден професор и раководител на Одделот за комуникации, медиуми и култура на Универзитетот во Стерлинг. Нејзините истражувања фокусирани на  политичката комуникација, родот во медиумите и односите со јавноста и здравствената комуникација се објавени во меѓународни академски списанија, вклучително и Public Relations InquiryBritish Politics и Public Relations Review. Таа моментално е уредник на водечкото критичко списание за односи со јавноста Public Relations Inquiry. 

 

д-р Вацлав Штетка

Вацлав Штетка е вонреден професор по компаративна политичка комуникација на Универзитетот Лафборо во Обединетото Кралство, каде што работи од 2016 година. Претходно работел на академски и истражувачки позиции на Универзитетот Масарик во Брно, на Карловиот универзитет во Прага и на Универзитетот Оксфорд. Неговите истражувачки интереси ја опфаќаат улогата на медиумите во политичката поларизација и подемот на популизмот и нелиберализмот, како и прашањата за слободата на медиумите и плурализмот. Неговата неодамнешна книга е насловена „Нелибералната јавна сфера: медиумите во поларизирани општества“ (Palgrave 2024, со Сабина Михељ).

Фросина Димеска

Фросина Димеска е новинарка во Балканската истражувачка мрежа БИРН. Таа работи главно на истражувачки стории за корупција, а нејзиниот фокус е на човековите права, транспарентноста, медиумите и други општествено релевантни прашања. Има дваесетгодишно новинарско искуство.

 

 

м-р Марија Митева

М-р Марија Митева од октомври 2024 година ја врши функцијата портпарол на Владата на РСМ. Зад себе има повеќе од 10 години прогресивно работно искуство, извршувајќи работни позиции како советничка за правни работи во Владата на РСМ и во Градот Скопје. Пред да биде именувана на актуелната позиција, Митева беше дел од последниот парламентарен состав како пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, учествувајќи во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки.

Марија Митева е магистер по деловно право и има положено правосуден испит.

Курт Странд

Курт Странд, роден 1955 година, новинар со седиште во Копенхаген, Данска, со повеќе од 40-годишно искуство во данските медиуми како писател, ТВ- и радиоводител. Во моментов работи со конструктивни алатки и концепти за да се избегне или намали поларизацијата во јавниот простор. Со текот на годините, Курт напишал неколку книги за новинарството и политиката, меѓу другите и „Слушај погласно“, која се осврнува на тоа како медиумите и новинарството можат да се спротивстават на поларизацијата.

Драган Секуловски

Драган Секуловски е директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и регионален директор на Safejournalists.net, каде што придонесува за унапредување на слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и правните реформи во Северна Македонија и Западен Балкан. Тој го привршува својот докторат по безбедносни студии, фокусирајќи се на безбедноста на новинарите и има над 12 години експертиза за медиумска политика, правни реформи и стратегиско планирање во рамките на проекти финансирани од ЕУ и меѓународни организации, како што се КАС, ОБСЕ, СЕ, УНЕСКО и УНДП. Автор е и уредник на бројни публикации за законот за медиуми и безбедноста на новинарите и е член на владини работни групи за закони поврзани со медиумите од 2012 година.

Александра Теменугова

Александра Теменугова е програмски менаџер во ИКС со фокус на унапредување на медиумската писменост. Во ИКС раководи со повеќе проекти, активности и истражувања во областа на новинарството и на медиумите, вклучувајќи го и истражувањето Мерење на политички штетни наративи ШТЕТ-НА. Таа го координираше европскиот проект Македонска коалиција за медиумска писменост (MAMIL) кој Европската комисија во 2019 година го препозна како еден од десетте најдобри проекти за медиумска писменост во Европа. Од 2008 до 2018 година Теменугова ја раководеше студиската програма по новинарство при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје. Зад себе има седумгодишно искуство како ТВ-новинар.