fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Како да препознаете deep fake, лажни фотографии и дезинформации

Откривање deep fake видеа и лажни фотографии и препознавање дезинформации за масовна посетеност на настани. Ова се содржините на трите видеа кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги изработи за да служат како онлајн ресурси за медиумска писменост.

Секоја информација ѝ значи на публиката бидејќи најчесто според неа го градат сопствениот став и ги преземаат следните чекори. Но, живееме во ера кога вештачката интелигенција се употребува за создавање убедливи фотографии, аудио и видеоизмами, а медиумите често се и алатка за манипулација на публиката. Лажните информации, фотографии и видеа имаат за цел да продадат, убедат, збунат, но пред сѐ да излажат. Се користат за наметнување мислење кај јавноста, заземање страна или предизвикување страв и паника.

Оттука, видео ресурсите за медиумска писменост на ИКС објаснуваат како критички да размислувате и ви нудат совети и алатки за најлесно да ги проверите информациите, фотографиите и видеата пред да ги објавите или споделите со другите.

Видеата се наменети и можат слободно да се користат и емитуваат за различни едукативни цели. Погледнете ги и секогаш како кога ќе забележите нешто сомнително, подзастанете и анализирајте, за да дознаете кој и зошто манипулира.

Онлајн ресурсите за медиумска писменост се изработени од ИКС и ИРЕКС во рамки на УСАИД проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Лажни фотографии – како да ги препознаеш


Снимањето тргна на лошо! Екипата имаше скриени намери само за забава. Но, погледни како ти да избегнеш погрешна насока.

Кон видеото

Deep fake

Дуа Липа во 90 секунди интервју. Какви опасности открива видеото? Погледнете и бидете претпазливи.

Кон видеото

(Дез)информации за масовна посетеност на настани

Колку луѓе биле на протестот? 5.000, 10.000 или 15.000? Бројките се толку различни, што ќе те збунат. Погледни како да провериш за да не те манипулираат.

Кон видеото