fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС станува носител на нова УНЕСКО Катедра

ИКС станува официјален носител на нова Катедра на УНЕСКО за писменост за иднината (futures literacy) и медиумска писменост во рамките на UNESCO/UNITWIN програмата.

Главните цели на новата УНЕСКО Катедра на ИКС ќе бидат:
1) зајакнување на капацитетите на различни групи на население, вклучително и младата популација и ранливите групи за разбирање и справување со различни видови информации;
2) домашни и меѓународни истражувања за медиумската и информациска писменост и писменоста за иднината;
3) национална и меѓународна соработка за писменост за иднината која ќе води кон поинклузивни и правични општества.

Овој проект го гледаме како можност за создавање долгорочна и одржлива соработка во областа на медиумската писменост и писменоста за иднината, како и можност за поттикнување на поодговорна употреба на современи дигитални алатки за комуникација и споделување содржини.

Следете не за повеќе информации во врска со нови активности организирани во рамки на Катедрата.