ИКС склучи договор за соработка со Римската школа за бизнис
ИКС со задоволство ја најавува соработката со Римската школа за бизнис (RBS), една од водечките институции за деловно образование во светот. Партнерството ќе ја поддржи амбициозната меѓународна стратегија на ИКС да обезбеди врвно образование и професионални можности на своите студенти, вработени и наставен кадар.
RBS е глобално препознатлив бренд, со врвна академска репутација и иновативен пристап кон образованието. Тие се исклучително успешна меѓународна образовна организација и што е најважно, организација што ги споделува визијата и вредностите на ИКС. Чест ни е што почнуваме соработка со ваква престижна институција, посветена на поддршка на студентите со врвно знаење од врвни професионалци.
За Римската школа за бизнис
Римската школа за бизнис нуди магистерски студии (MBA) кои се спроведуваат онлајн како и на нивниот кампус, како и програми за обука на Извршно образование (Executive education). Нивната цел е да обучат лидери кои ќе бидат способни да управуваат со компании низ целиот свет.
Мисијата на RBS е да обучи претприемачи, менаџери и професионалци до ниво на извонредност во нивните компетенции и нивниот етички пристап кон бизнисот и работата, способни да играат важна улога во општествените текови.
Римската школа за биснис е член на Planeta Formación y Universidades, меѓународна мрежа создадена во 2003 година од De Agostini и group Planeta која отелотворува силна посветеност на компаниите кон универзитетско образование и стручно и доживотно усовршување.
Се враќаме наскоро со новости за заедничките активности што ќе произлезат од ова новоформирано партнерство.