ИКС и Институтот за истражување на хибридни судири од Хрватска потпишаа меморандум за соработка
Институтот за комуникациски студии (ИКС) од Скопје и Институтот за истражување на хибридни судири (IIHS) од Загреб потпишаа Меморандум за разбирање и соработка, со кој двете институции го формализираат партнерството во областа на академските и истражувачките активности поврзани со хибридните закани, демократијата и отпорноста на информацискиот простор.
Документот предвидува развивање на заеднички иницијативи кои ќе придонесат за јакнење на демократските практики, транспарентноста и одговорното информирање. ИКС и ИИХС ќе соработуваат на низа активности, меѓу кои заеднички академски и стручни истражувања, активности за борба против дезинформации и спротивставување на проактивни влијанија во јавниот простор, размена на анализи, методологии, искуства и современи техники за проверка на факти, како и подготовка и споделување на образовни, стручни и академски материјали.
Со овој меморандум, ИКС и ИИХС поставуваат основа за долгорочна соработка во областа на современите безбедносни предизвици, медиумската писменост и борбата против дезинформациите.
