fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС е номинатор за наградата за животна средина The Earthshot Prize

Институтот за комуникациски студии е поканет да биде номинатор за глобалната награда за животна средина The Earthshot Prize. Покровител на оваа престижна награта е Неговото Височество Принцот Вилијам. Целта на наградата е да поттикне промени и да помогне да се поправи нашата планета во следните десет години.

Наградата Earthshot е фокусирана на пет мисии – едноставни, но амбициозни цели кои, доколку се постигнат до 2030 година, ќе го подобрат животот на сите нас. Годинава ќе се избираат победници во пет категории:

  • Заштита и обнова на природата (Protect and restore nature)
  • Чист воздух (Clean our air)
  • Оживеј ги океаните (Revive our oceans)
  • Создај свет без отпад (Build a waste-free world)
  • Подобра клима (Fix our climate)

Најдобрите решенија во секоја категорија ќе добијат парична награда и поддршка за развивање на нивните решенија. Идејата е во наредните десет години преку оваа награда да се обезбедат најмалку 50 решенија за најголемите еколошки проблеми во светот до 2030 година.

Рокот за номинирање е 4 март 2022. Повеќе информации на https://earthshotprize.org/.