Едукативно видео за подобрување на квалитетот на полагање мајсторски испит
Изработено едукативно видео за Методологија за осигурување на квалитет и Кодекс за испитни комисии за мајсторски испити во рамки на проектот Еразмус МАСТЕР 4.1, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Алгебра од Хрватска, го изработи ова видео со цел на илустративен начин да ги објасни Методологијата за осигурување на квалитет и Кодексот за испитни комисии, кои имаат за цел да го подобрат начинот на полагање на мајсторските испити, како за испитната комисија, така и за кандидатите. Видеото го има на македонски, словенечки и хрватски јазик.