За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Дискусија за можни модели за институционален одговор на СММИ

Дискусија за можни модели за институционален одговор на СММИ

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го одржа третиот состанок на меѓуресорската координативна група за справување со странско мешање и манипулирање со информации на којашто се претставија неколкуте модели на институционален одговор што веќе се применуваат во земјите од Европската Унија, Обединетото Кралство и други држави. Фокусот беше ставен на можностите овие практики да се прилагодат на националниот контекст. Учесниците дискутираа за улогата на институциите и потребата од подобра координација во одговорот на современите хибридни закани и надворешни малициозни влијанија.

На работната група ѝ беа презентирани и наодите од појдовната проценка, кои даваат увид во тековната состојба, силните и слабите страни во справувањето со манипулацијата со информации. Овие наоди треба да послужат како основа за креирање на идни политики и протоколи за синхронизиран институционален одговор.

Беше најавено дека појдовната проценка ќе биде дополнително презентирана и дискутирана на тркалезна маса што ќе се одржи на почетокот на април, каде се очекува поширока вклученост на релевантни институции и експерти. Целта е да се поттикне сеопфатен и координиран институционален одговор.

Состанокот е дел од пошироките активности насочени кон утврдување поефикасни политики и практики за справување со странското влијание и зајакнување на демократската стабилност.