fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за прибирање понуди за ангажирање ПР експерт за социјални медиуми

Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот “Зголемување на моќта за изразување на јавниот интерес на граѓанското општество во Македонија (транспарентност и отчетност на институциите)“ објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерт кој ќе развие комуникациска стратегија за социјални медиуми и ќе понуди креативни решенија за визуелен изглед на самиот проект.

Повикот е отворен до 23 септември, 2016 година
Повеќе за повикот можете да погледнете во документот.

Лице за контакт: Дејан Андонов ; 02 30 90 004