fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Џон Овен: Лиценцирањето новинари е ужасна идеја

Начинот на кој се води една држава одредува и какви медиуми ќе има. Политичарите треба да покажат волја да создадат услови со кои ќе го поддржат новинарството, правото на критика. Новинарите пак треба да се солидаризираат, а не да почнат да издаваат лиценци за новинари, тоа е ужасна идеја, вели американскиот професор по новинарство, Џон Овен. Во моментов раководи со Фронтлајн во Лондон, а во својата богата кариера бил уредник во канадски Си-Би-Ес, Ал Џезеира, прв човек на Фридом форум за Европа, а деновиве во Скопје разговараше со новинарите и сопствениците на медиуми за промените во медиумскиот простор за кои во моментов преговаарт политчарите.

Жестоките дебати во Клубот на пратениците треба да резултираат со ослободување на медиумите од стегите на власта. Професорот по новинарство Џон Овен оценува дека е клучно медиумите да се вратат на својата основна цел – јавниот интерес.

Џон Овен: Предизвикот со кој се соочува Македонија е да се стори нешто со улогата на државата која доминира во рекламирањето, која манипулира и влијае врз вашите медиуми. Ова е постојано критикувано од Новинарските асоцијации, како Комисијата за заштита на новинарите, Репортери без граници. Тоа не се нови критики. Но тоа е најважно да се промени, особено пред изборите.

До тогаш неопходна е и целосна трансформација на јавниот сервис. Овен неме илузии дека владите секогаш ќе имаат некакво влијание врз јавните сервиси, но новинарите мора да инсистираат на независност.

Џон Овен: Би било погрешно доколку се смени власта, јавниот сервис да биде под влијание на оние што биле во опозиција. Затоа е потребна целосна трансформација, така што оние кои ќе работат на промовирање на вредностите на јавниот сервис да бидат јасно независни и без директно мешање на државата. Сите јавни сервиси, било ЦБС, каде што работев, или Би-Би-Си, се под влијание на државата, не е возможно да не бидат заради начинот на финансирање, приоритетите, изборот на управните одбори, секогаш ќе има некакво влијание. Но по традиција и со репутација секогаш треба да барате да се работи независно.

Тој им порачува на новинарите и на сопствениците на медиумите дека треба да се изборат за условите во кои одговорно ќе ја работат професијата. Но никако со издавање лиценци за новинари.

Џон Овен: Лиценцирањето е ужасна идеја. Никаде во светот не сум видел тоа да биде решение. Тоа е најлошото можно решение за се што има врска со новинарството. Тоа го има каде е најлошо во новинарството, во Африка, или во делови од поранешниот Советски Сојуз, тоа е едноставно е неприфатливо и се оградувам од од било кој аспект. Пред се, кој ќе лиценцира, кој ќе каже кој е новинар?

Пред нов предизвик се и светските медиуми, по терористичките напади во Париз и бегалската криза.

Џон Овен: Новинарите сега треба да бидат многу внимателни и да не работат заедно со полицијата и безбедносните сили и владите да стигматизираат било кого што има различни гледишта за она што се случува во земјата и има радикални политички решенија. Разликата е во тоа што не смее да се брани насилството.

Овен стравува дека постои опасност и најголемите телевизиски компании да ја повторат грешката по нападите на 11 септември. Во името на националниот интерес тогаш слепо ги пренесуваа ставовите на американските власти, па дури влегоа и во нивната подготовка на војната во Ирак.