Уписи на магистерските студии по комуникации и медиуми
Институтот за комуникациски студии (ИКС) запишува студенти на магистерските студии за Менаџирање на стратегиски комуникации и Медиумски менаџмент. Овие програми ќе ти овозможат да ја задоволиш твојата страст за знаење и ќе ти обезбедат цврста основа за напредување во различни кариерни правци.
Студиските програми претставуваат точно одбрана комбинација од теоретски познавања за светот на комуникациите и медиумите, заедно со пренесување на практични вештини за твоето постојно или идно работно место. Совладај ги клучните основи на стратегиските комуникации, дигиталните медиуми, менаџментот и претприемништвото и аналитичкото размислување. Нашиот пристап на активно учење ќе те оспособи за аналитичко размислување, поголема самодоверба и подобро лидерство, вештини кои се нужни за вработување и за кариерен развој.
Што добиваш?
- Академска надградба за професионалци;
- Најнови комуникациски и медиумски програми;
- Знаење применливо во јавниот и приватниот сектор.
- Проактивност низ тимски и лидерски задачи;
- Онлајн учење во виртуелнa училницa;
- Врвни професори и ментори од Македонија и странство.
Искористи ги можностите на Ерасмус+ програмата додека студираш и добиј диплома со научно звање „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“ односно „магистер по мAедиумски менаџмент“.