Работилница за студенти за борба против дезинформации
Институтот за комуникациски студии на 6 и 7 мај организира работилница за студенти од Правниот факултет и на Факултетот за комјутерски науки на тема “Спротивстави се на дезинфорамциите“. На дводневните онлајн предавања се дискутира за начинот на кој се креираат и восприемаат медиумските пораки, емоциите што тие ги предизвикуваат кај публиката, видовите информации и техниките за манипулација. Вториот ден од работилницата е посветен на техниките за препознавање лажни веб страници и профили на социјалните медиуми, неверодостојни фотографии и сл.
Предавачи се професорката на Правниот факултет, Јасна Бачовска и асистентот Владислав Бидиков од ФИНКИ, новинарката Мери Јордановска и францускиот новинар и обучувач за справување со дезинформации Роберт Бурдуан.
Работилницата за борба против дезинформациите ИКС ја организира во рамки на регионалниот проект „Балкански гласови“ (Balkan voices) што го реализира Француската агенција за развој на медиумите преку Министерството за Европа и надворешна политика на Франција.
Работилницата е отворена и за студенти од другите факултети и универзитети преку следниот линк на https://zoom.us/meeting/register/tJUtc-GsqzsrE9JmMCYjYZA1w16q5NlmA8G1 од 13 до 17 часот.
ИКС ќе организира слична ваква работилница на 17 и 18 мај за студентите на новинарство и комуникации од повеќе универзитети во земјава.