fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Работилницата против лажните вести со средношколци за почеток на Неделата против лажните вести

Средношколците од скопската гимназија „Орце Николов“ беа нашите први гости на отворањето на Неделата против лажните вести. Низ практични примери, со вести од различни информативни редакции, учениците, со двајцата обучувачи Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, учеа како да пронајдат новинарски пропусти, дезинформации, непоткрепени информации.

Во време кога граѓаните во Македонија најмногу ги користат телевизијата и социјалните медиуми како извор на информирање, a сепак, како што покажа истражувањето на ИКС, недоволно се проверуваат овие информации, медиумското описменување и познавањето на новинарските професионални стандарди се исклучително важни за справување со напливот на лажни вести и дезинформации.

Затоа, Институтот за комуникациски студии, во рамките на #Неделата против лажни  вести, предвиде вкупно три работилници против лажните вести, со средношколци, студенти и пензионери. Во текот на оваа недела, ИКС ќе организира и два вебинара и дебата со новинари и уредници

Повеќе фотографии од обуката, може да видите тука.

Неделата против лажните вести од 8ми до 12ти ноември е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го реализираат Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот е финансиран од Европската Унија.