fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Први дипломи за магистерските студии

Институтот за комуникациски студии ги додели првите дипломи за завршени магистерски студии на магистрите кои ги одбранија нивните трудови во текот на оваа и минатата година.

Татјана Митевска, Верица Јорданова, Кристина Георгиева и Верица А. Спасовиќ се стекнаа со научното звање „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“, додека Меваип Абдиу со звањето „магистер по менаџирање на медиуми и мултимедија“. Нивните магистерски работи се директно применливи за решавање на специфични професионални предизвици и за воведување промени во областа на комуникациите и медиумите.

Во текот на студиите и со изработката на магистерските работи, петмината магистри на ИКС стекнаа знаења и компетенции кои ќе им помогнат да бидат иновативни професионалци, водачи на креативни тимови и лидери за создавање и одржување на комуникациските промени во нивните организации. Стекнатото знаење ќе им овозможи целосно да одговорат на професионалните предизвици и да ги искористат придобивките од пазарот.

Фотографии од настанот