Почна академската година
Новата генерација на постдипломци ја започнаа академската година со предметите Лидерство и управување со комуникации и Стратегиски комуникации и кризно комуницирање. Во текот на едногодишните и двегодишните магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации, тие ќе се оспособат да ги детектираат и истражуваат општествените појави во научното поле на комуникациите и да развиваат иновативни концепти за комуникација во различни општествени сегменти.
Предметите обезбедуваат знаења за управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг и нови медиуми и за развивање на деловни стратегии и јавна дипломатија. Професорите и бизнис лидерите вклучени во наставата ќе ги инспирираат постдипломците да бараат и применуваат конкурентни решенија за придобивање на довербата на јавноста и за градење на репутација преку општествено одговорно одлучување, успешно да управуваат со кризи и да ја развиваат интеркултурната комуникација во нивното опкружување.
Постдипломците ќе работат на проекти фокусирани на услуги кон реални клиенти. Доминантниот метод на „решавање на проблеми“ ќе им овозможи да ги артикулираат нивните професионални предизвици, да дизајнираат сопствени стратегии, да истражуваат и синтетизираат различни ресурси и да понудиат решенија преку дискусии.
Интердисциплинарниот пристап на студиите оспособуваат за широк спектар на области – стартегиски комуникации, менаџмент и лидерство, глобални односи, мултимедија, истражување и академско пишување. Тоа им овозможува на постдипломците да ги надградат комуникациските, претприемничките и лидерските способности со кои ќе можат целосно да одговорат на професионалните предизвици, да бидат поконкурентни и да напредуваат во кариерата.