Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија
Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“ организира прес-конференција која ќе се одржи на 15 декември (петок), 2017 година со почеток во 10.30 ч во хотел Холидеј Ин (сала Скала) во Скопје.
На прес-конференцијата ќе бидат презентирани клучните наоди од истражувањето „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ во која се анализираат капацитетите и ресурсите на граѓанските организации во однос на дигиталното комуницирање и начинот на кој тие ги користат дигитални алатки за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи.
На настанот ќе бидат претставени и граѓанските организации кои беа избрани на повикот за учество на обуки за ефикасно комуницирање со јавноста преку употреба на дигиталните медиуми.
Проектот е поддржан од Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.