Повик за графички дизајнер
МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ВО ЕРА НА НАПЛИВ НА ИНФОРМАЦИИ: ОСНОВАЊЕ КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“
ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Високата школа за новинарство и односи со јавноста има потреба од графички дизајнер за изработка на едукативни видеа за медиумска писменост и промотивни материјали како дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Основање коалиција за медиумска писменост“, кој се спроведува во партнерство со Институтот за различности во медиумите (Media Diversity Institute) од Лондон и со дневниот весник Нова Македонија.
- ИСТОРИЈАТ
Целта на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“ е да се развие свеста кај публиката за влијанието на медиумските содржини, но и да ги поттикне граѓаните да се стекнат со знаења и вештини за критичка перцепција на информациите и употреба на медиумите како предуслов за активно граѓанство.
Проектот ќе се спроведува во следните три години (2016-2018) и е финансиран од Европската Унија.
Фази на имплементација на проектот:
- Истражување и анализа на медиумската и информациската писменост во Македонија
- Формирање на Коалиција за медиумска и информациска писменост
- Медиумската и информациската писменост и младите
- Завршни активности
- ЗАДАЧИ НА ГРАФИЧКИОТ ДИЗАЈНЕР
- Изработка на 5 интерактивни видеа по 2-3 минути со графичка анимација
- Изработка на инфографици
- Изработка на промотивни материјали по потреба
- ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Кандидатите треба да имаат општо познавање од следниве програми:
- Adobe InDesign
- Adobe After Effects
- Adobe Illustrator
- Adobe Photoshop
- Adobe Flash
- Maya
- CorelDraw
- Adobe Premier
Исто така, кандидатите треба да имаат претходно искуство во изработка на видеа и промотивни материјали.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАУВАЊЕ
Заинтересираните кандидатите треба да испратат кратка биографија и најмалку три примери од изработени производи од претходна работа (пожелно е еден да биде за видео клип/видео анимација).
- РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Повикот е отворен до 22 септември, 2016 година.
- ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ
Александра Теменугова, Раководител на проект