fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Оглас за ангажирање експерт за дигитални комуникациски канали

Институтот за комуникациски студии (ИКС) има потреба да ангажира на експерт за дигитални комуникациски канали, со цел анализа на досегашната активност на социјалните мрежи и веб-страниците во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, како и доставување предлози за нивно подобрување.

1. Кратко за проектот

Проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ ќе ги зајакне капацитетите за застапување и лобирање на алијанса составена од граѓански организации, медиуми и други актери кои ќе бараат подобрено управување на јавните политики. Проектот има за цел да придонесе кон ефективно и инклузивно креирање на политики и нивна имплементација во интерес на граѓаните преку зголемена контрола од граѓанското општество.

Во рамки на овој проект влегуваат три онлајн платформи на ИКС – Рес публика, Само прашај и Дома. Платформите покрај веб-страници имаат сопствени профили на социјалните мрежи.

Рес публика е веб-страница која ја јакне улогата на академската и стручната заедница во штитењето на јавниот интерес и промовирање на знаењето. На Рес публика се објавуваат блогови, поткасти, влогови, интервјуа и други производи.

Само прашај е платформа наменета за широка публика. На оваа платформа се одговара на прашања од граѓаните и се отвораат теми од јавен интерес за кои останатите медиуми не секогаш известуваат.

Дома е онлајн платформа која се фокусира на заштитата на животната средина. На Дома се објавуваат документарци, видео прилози, фото приказни, анализи, блогови, едукативни фото постови, едукативни видеа итн.

Платформите покрај во Македонија, функционираат на база на партнерство со други медиуми и во државите од регионот. Затоа, покрај на македонски јазик, дел од содржините на Рес публика, Дома и Само прашај се објавуваат и на албански, српски, хрватски, босански и англиски јазик.

2. Опсег на работа

Експертот за дигитални комуникациски канали треба да се осврне на следниве комуникациски канали на ИКС и да достави:

  • Веб-страници на Институтот (ИКС / Рес публика / Дома / Само прашај):
    • да направи основна анализа и препораки за изгледот и функционалноста на веб-страниците;
    • да даде план за имплементација на SEO на веб-страниците.
  • Facebook:
    • да направи основна анализа на страниците на Институтот;
    • да даде препораки за содржината на објавите и фреквенцијата на објавување;
    • да даде препораки за таргетирање на објавите и користење на реклами;
    • да даде модел за објавување на повеќејазични содржини на социјалните мрежи;
    • да даде препораки за подобрување на органскиот досег на објавите;
    • да даде препораки за интеракција со корисниците.
  • Instagram:
    • да направи основна анализа на профилите на Институтот;
    • да даде препораки за содржината и фреквенцијата на објавите;
    • да даде препораки за подобро менаџирање на Инстаграм профилите, кој ќе вклучува и неделен план;
    • да даде препораки за подобрување на интеракцијата со корисниците.
  • Twitter:
    • да направи основна анализа на Twitter профилот на Институтот;
    • да создаде модел за користење на Twitter профилот на Институтот;
    • да достави предлози за зголемување на интеракцијата со странската публика.
  • YouTube:
    • да направи основна анализа на YouTube каналите на Институтот;
    • да понуди модел за менаџирање на YouTube каналите, со посебен акцент на интеракцијата со публиката;
    • да понуди решение за објавување на повеќејазични содржини;
    • да даде препораки за содржината и форматот на видеата.

Експертот треба да се осврне на следните прашања поврзани со содржината која се објавува на каналите:

  • да достави предлози за подобрување на наративите на социјалните медиуми;
  • треба да достави преглед на новите трендови за визуелизација и обработка на содржини;

Експертот треба да претстави модел за мониторинг и мерење на успешноста на дигиталните комуникациски канали, кој ќе вклучува одговорно лице, фреквенција на мониторинг и поставување на индикатори за успешност.

Експертот треба да овозможи обука за користење на Google Ads.

3. Рок и начин на аплицирање

Заинтересираниот експерт/тимот на експерти или фирма треба да аплицираат со поднесок до 5 февруари 2021, на мејлот , со предмет „Консултантски услуги за дигитални комуникации“.

Поднесокот треба да содржи:

  • писмо за изразување намера;
  • кус опис на програмата и методологијата за обуката;
  • CV на експертот или експертите, со нагласок на искуството кое е релевантно за аплицирање. доколку аплицира организација или фирма, потребно е и кратко портфолио на фирмата;
  • предлог буџет.

Изборот ќе се изврши според следните критериуми:

  • приложеното искуство во слични активности;
  • предложената програма и методологија за обука;
  • предложениот буџет.

4. Контакт информации

За дополнителни информации, можете да испратите мејл на Дарко Малиновски, ИКТ и проектен асистент – .