Обука: Проверка на факти и борба против дезинформациите
Институтот за комуникациски студии организира дводневна онлајн обука на тема „Проверка на факти и борба против дезинформациите“. Обуката е наменета за студентите на додипломски или постдипломски студии по новинарство, комуникации и/или односи со јавноста од сите високообразовни институции во земјава. Обуката ќе се одржува онлајн на 17 и 18 мај од 10-14 часот.
Линк до зум состанокот: https://zoom.us/meeting/register/tJ0kc-uspzgrEteYe9wE-HRGgvkPfYvqcpFR
На обуката ќе се анализираат примери од секојдневната работа во онлајн редакциите, применувајќи различни техники за проверка на факти, верификување различни извори, видеа, фотографии, веб страници, детектирање лажни профили на социјалните медиуми, ботови и сл.
Обучувачи ќе бидат Роберт Бургуан, француски новинар и предавач за справување со дезинформациите, Јасна Бачовска, професорка на Правниот факултет, Владислав Бидиков, ИТ инженер во ФИНКИ и новинарката Маја Јовановска.
Работилницата за борба против дезинформациите ИКС ја организира во рамки на регионалниот проект „Балкански гласови“ (Balkan voices) што го реализира Француската агенција за развој на медиумите преку Министерството за Европа и надворешна политика на Франција.