fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Нови 19 постдипломци започнаа со магистерските студии на ИКС

Односите со јавност придонесуваат за успехот на организацијата така што градат квалитетни и долгорочни односи со стратешките групи – засегнатите страни и јавноста, и им помогаат на организациите да ги усогласат своите цели со целите и очекувањата на нивното опкружување. За ова дискутираа новата генерација постдипломци со професорот од Словенија Пеѓа Ашанин Голе на првиот вебинар по предметот Стратегиски комуникации и кризно комуницирање.

На магистерската програма по Менаџирање на стратегиски комуникации, тие ќе учат и како да управуваат со комуникацијата помеѓу организацијата и нејзините публики, да креираат и спроведат стратегија за дигитални комуникации, да комуницираат во услови на криза и да градат и одржуваат репутација, а ќе ја осознаат и моќта на јавната дипломатија и политичките комуникации. Ваквото применливо знаење во јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор ќе го стекнат со онлајн учење низ тимски проекти и од посветени професори и професионалци од Македонија и странство.

Постдипломците на двогодишните студии, пак, во моментот го следат предметот Иновативен менаџмент и претприемништво, а на втората година од студиите ќе го продлачот знаењето и за модерните односи со јавноста, интеркултурните комуникации, корпоративната општествена одговорност и спроведувањето маркетинг и бренд кампањи.

ИКС паралелно ја реализира и меѓународната онлајн микромагистерска програма по Дигитални комуниикации и маркетинг, која ја следат околу 190 студенти од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија и Турција. Програмата се спроведува како дел од Еразмус+ проект на Истанбул универзитетот од Турција, Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија, Бизнис школата ДОБА од Словенија и Институтот за комуникациски студии од Македонија.