ИКС учествуваше на Медиумскиот фестивал во Фажана (Хрватска)
Претставници на ИКС учествуваа на Медиумскиот фестивал во Фажана, Хрватска, кој се одржа од 7 – 13 септември, 2020 година.
ИКС учествуваше на фестивалот како партнер во проектот „Мрежа за разновидност на известување 2.0“ поддржан од Европската комисија (ЕК). Целта на проектот е активирање на улогата на граѓанското општество во отфрлањето на наративите за поделба на народите во Западен Балкан и истите да се заменат со позитивен дискурс, придонесувајќи кон зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на различностите.
Проектот ќе поттикне регионална мрежа на граѓански организации да работат заедно со цел да се влијае на квалитетот на медиумските пораки кои влијаат на перцепциите на етничката припадност, религијата и полот како значајни тематски области релевантни за севкупното ниво на разбирање и толеранција во Западен Балкан.
Работилницата беше водена од Институтот за различност во медиумите (лидер на проектот). Присуствуваа и претставници на сите партнери во проектот – Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ), Центарот за истражувачко новинарство Босна и Херцеговина, Центарот за истражувачко новинарство Црна Гора и KosovaLive.
ИКС учествуваше на неколку панели и дискусии организирани во рамките на медиумскиот фестивал. ИКС присуствуваше на панел дискусијата „КОВИД-19 и разновидност: „Цунами“ на говорот на омраза“, на којa учествуваа Џули Посети од Меѓународниот центар за новинари, Надежда Азгихина од ПЕН Москва, Ремзи Лани од Институтот за медиуми на Албанија и Симоне Рафаел од Фондацијата Амадеу Антонио, кои разговараа за предизвиците што КОВИД-19 им ги наметна на новинарите ширум светот. ИКС беше дел и од панел дискусијата „Како Европската унија се справува со дезинформациите и говорот на омраза“ на која учествуваа Огнијан Златев, претставник на Европската комисија во Хрватска, Виолета Симеонова, шеф на канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска и Дијана Хелен Мадуниќ, амбасадор на кралството Шведска во Хрватска.
Сите настани во рамките на фестивалот беа организирани преземајќи ги сите неопходни мерки на претпазливост против КОВИД-19.