fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Избрани шесте средношколски новинарски тимови на конкурсот „Биди медиумски активен/на“

Комисијата за избор на шесте средношколски новинарски тимови на конкурсот „Биди медиумски активен/на“ (#BeMediActive), организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Делегацијата на Европската Унија, ги одбра тимовите кои заедно со нивните медиуми партнери ќе изработуваат медиумски производи.

Грантови за изработка на медиумски производи ќе добијат:

  1. ПСУ САБА од Скопје со Радио Слободна Европа
  2. СОМУ „Гостивар“ со Алфа ТВ
  3. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп со ТВ 24 Вести
  4. СОУ „Богданци“ со ТВ Вис
  5. СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола со Тера ТВ
  6. СОУ „Исмет Јашари“ – Липково со дневниот весник Коха

На конкурсот пристигнаа 61 апликација, од вкупно 26 училишта и 39 медиуми. Комисијата, составена од Тамара Ќупева, професорка, Стефан Митиќ, средношколец, Арта Тахири, новинарка и уредничка во ТВ Алсат М и двајца претставници од ИКС, при изборот се водеа од следните критериуми: оригиналност на предложената идеја која се одразува врз квалитетот на животот на младите, аргументацијата и можноста за решавање на проблемот, изразената волја за примена на истражувачки новинарски техники, како и капацитетот на медиумот за поддршка на средношколските тимови.

ИКС ќе организира новинарски работилници за избраните тимови на кои ќе се детализира планот за продукција на средношколските идеи. Секој тим ќе работи со менторска поддршка на медиумот-партнер. Новинарските приказни, освен што ќе бидат објавени во медиумите, ќе се презентираат и на завршен настан/дебата којшто ИКС и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ќе го организираат во март 2020 г. во Скопје. Дебатата ќе биде дел од низата настани што Европската комисија ги организира во рамки на Европската недела на медиумска писменост 2020.