
Започна уписот на магистерските студии
Институтот за комуникациски студии го објави конкурсот за запишување на магистерските студии по (1) Менаџирање на стратегиски комуникации и (2) Медиумски менаџмент.
Запиши се на едногодишните или двогодишните програми и стекни цврста основа врз која ќе можеш да напредуваш во различни кариерни правци.
Што добиваш:
- Програми кои се комбинација од теоријата и трендовите во комуникациите и медиумите;
- Знаење кое е директно применливо во приватниот и јавниот сектор;
- Онлајн учење и редовна комуникација со професорите преку виртуелна училница;
- Менторство при изработка на анализи, истражувања и планови од истакнати професори и професионалци од земјава и странство;
- Студиска размена и практично доусовршување преку Еразмус+ програмата.
Аплицирај сега! За уписи во текот на мај и јуни предвиден е попуст од 20% на школарината, односно таа изнесува 800 евра со можност за плаќање на рати.
Студиската програма Менацирање на стратегиски комуникации овозможува да совладаш знаења и вештини за односи со јавност, кризно комуницирање, интегрирани маркетинг комуникациии, градење бренд и репутација, политичка комуникација и јавна дипломатија.
Студиската програма Медиумски менаџмент нуди знаења и вештини за претприемништво и развивање нови бизнис модели со медиумската конвергенција, за интерактивно и онлајн новинарство и мултимедијална продукција, како и за улогата на медиумите во интересот на јавноста и промовирањето на слободно и плуралистичко новинарство.
Со завршувањето на едногодишните и двогодишните програми добиваш 60 / 120 ЕКТС кредити и диплома со назив „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“ или „магистер по медиумски менаџмент“.