Запиши се на магистерските студии
Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните магистерски студии по менаџирање на стратегиски комуникации. Преку студиите ќе ги надградиш комуникациските, претприемничките и лидерските способности, ќе го демонстрираш твојот успех преку апликативни проекти и ќе изградиш цврста мрежа со етаблирани професори и професионалци.
Академската ригорозност и иновативниот пристап на студиите ќе ти овозможи да совладаш знаења и вештини за целосно да одговориш на професионалните предизвици, да бидеш поконкурентен и да напредуваш во кариерата. ИКС ти обезбедува богат избор на содржини од кои можеш да ги избереш најсоодветните за твоите кариерни потреби и желби. Нашите професори и бизнис лидерите вклучени во наставата ќе те инспирираат за иновации на нови идеи кои можеш директно да ги искористиш во професионалната пракса. Во текот на наставата, ќе бидеш вклучен во проекти фокусирани на услуги кон реални клиенти, преку кои ќе дизајнираш стратегии, ќе истражуваш и синтетизираш различни ресурси и ќе нудиш решенија преку дискусии.
Запиши се и биди дел од 40-те студенти кои се оспособуваат за:
- лидери посветени на создавање и одржување на комуникациски промени;
- иновативни професионалци за развивање на односи со јавноста, имиџ и репутација;
- водачи на креативни тимови во компании и јавни институции.
Ако сакаш да ги усовршиш постојните комуникациски и менаџерски компетенции или си во потрага по нови интереси коишто би го зајакнале твоето професионално портфолио, пријави се на овој линк.
Информирај се подетално за ИКС и магистерските студии на или 02/30 90 004.