Декемвриски теми за блогирање
Уредувачкиот одбор на ResPublica ги објави темите за месец декември на кои експерти, професори, истражувачи, активисти, медиумски професионалци, студенти, јавни службеници и други заинтересирани можат да пишуваат академски блогови.
Пред да почнете со пишување, Ве молиме пријавете ја темата на и запознајте се со насоките за блогирање, дополнителните ресурси и правилата за уредување. За темата можете да се консултирате и со Уредувачкиот одбор. Треба да го испратите текстот во Word документ и да содржи слика/и и/или графика, како и Ваша фотографија и куса биографија. Уредувачкиот одбор ќе го разгледа поднесениот текст и има право да даде сугестии за подобрување на академскиот блог во делот на аргументирањето, стилот, структурата и референцирањето. Врз основа на сугестиите, ќе треба да го направите конечното уредување на текстот.
Темите за академските блогови за месец декември се следните (темите и насловите не се конечни, можете да предложите и Ваша тема):
Надворешна политика
- Односот на ЕУ кон бегалците и мигрантите: економските мигранти – жртва на бегалската криза
- Шенген зона – дали со бегалската криза замира овој концепт?
- Раст на исламофобијата во светот и во Македонија после терористичките напади во Париз
- Геостратешко преструктурирање на големите сили во борбата против ИСИС
- Дали Република Македонија ги усогласува своите позиции за надворешна политика со оние на ЕУ?
Државни органи и администрација
- Трансапретност, заслуги и правична застапеност за деполитизација и професионализација на јавната администрација
- Нефункционален надзор врз разузнавачките служби
- Органичување на улогата на УБК во следењето на комуникациите – заштита од законски пресретнувања или нарушување на безбедноста во државата
- Поголема автономија на институциите во борбата против корупцијата
Судство
- Деполитизација на процесот на назначување и унапредување на судиите и јавните обвинители
- Како да се заштити судството од влијанијата врз нивната независност?
Избори
- Одвојување на државата и политичките партии во изборните реформи
- Буџетско или приватно финансирање на политичките партии – јавност и законитост
Медиуми
- Дали новиот закон за свиркачи го ограничува истражувачкото новинарство?
- Дали и какви промени претстојат во законската регулатива за медиумите?
- Можни ли се промени во Македонската Радио Телевизија – сервис на граѓаните или на власта
- Политичко рекламирање во медиумите за време на изборите – да или не?
Економија
- Континуираното зголемување на јавниот долг – назадување во фискалната дисциплина и управувањето на јавните финасии
- Што се случува со слободните економски (индустриски) зони – подем или постепено замирање?
- Дали македонската економија е подготвена за справување со конкуретните притисоци во ЕУ?
- Колку сивата економија го ограничува развојот на приватниот сектор?
Човекови права
- Зошто не се применуваат препораките на Народниот правобранител од државните органи
- Дискриминација и хомофобија врз ЛГБТИ заедницата – напади без сторители
Живот
- Студентски собири и избори за промени на студентскиот стандард
- Дали МПЦ има право на монопол врз верниците Македонци во Австралија?
- Урбанизмот и загадувањето на воздухот
ResPublica се реализира во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, што го реализира Институтот за комуникациски студии, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје.