Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ бр. 82/2018), Наставно-научниот совет на Институтот за комуникациски студии на ден 13.4.2022, објавува:
КОНКУРС
за запишување студенти на втор циклус – магистерски студии во академската 2022/2023 година
I. Број на студенти
На вториот циклус студии во академската 2022/2023 година Институтот ќе се запишат вкупно 40 студенти и тоа:
1. Едногодишни студии
– Менаџирање на стратегиски комуникации – 15 студенти
2. Двегодишни студии
– Менаџирање на стратегиски комуникации – 25 студенти
II.Услови за запишување
Право на запишување имаат кандидати со завршени додипломски студии и стекнати најмалку 180, односно 240 ЕКТС кредити, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование и наука на РМ;
III. Потребни документи
- Уверение или диплома за завршено високо образование (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
- уверение за државјанство (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- фотокопија од извод од матична книга на родените;
- лична карта или пасош на увид.
IV. Документите да се достават на адреса:
Институт за комуникациски студии, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје
Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ бр. 35/2008), Наставно-научниот совет на Институтот за комуникациски студии на ден 15.4.2020, објавува:
КОНКУРС
за запишување студенти на втор циклус – магистерски студии во академската 2020/2021 година
I. Број на студенти
На вториот циклус студии во академската 2020/2021 година Институтот ќе се запишат вкупно 40 студенти и тоа:
1. Едногодишни студии
– Менаџирање на стратегиски комуникации – 15 студенти
2. Двегодишни студии
– Менаџирање на стратегиски комуникации – 25 студенти
II.Услови за запишување
Право на запишување имаат кандидати со завршени додипломски студии и стекнати најмалку 180, односно 240 ЕКТС кредити, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование и наука на РМ;
III. Потребни документи
- Уверение или диплома за завршено високо образование (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
- уверение за државјанство (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- фотокопија од извод од матична книга на родените;
- лична карта или пасош на увид.
IV. Документите да се достават на адреса:
Институт за комуникациски студии, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје
Пријавувањето за магистерските студии е почнато!
ШКОЛАРИНА
Школарината за студирање изнесува 62.000 денари годишно. Износот се плаќа на следниот начин:
- 12.400 денари при запишување, односно при поднесувањето на документите и потпишувањето на договорот за студирање и
- на шест рати по 8.266,00 денари месечно во периодот од септември до февруари, најдоцна до 15-ти во месецот.
При запишувањето може да се уплати и целиот износ на годишната школарина.
Дополнителни трошоци
- Пријава и одбрана на магистерски труд – 31.000,00 денари. Износот се плаќа најдоцна до денот на пријава на магистерскиот труд.
- Издавање на уверение и диплома за завршени магистерски студии – 3.100,00 денари. Износот се плаќа најдоцна пред датумот за одбрана на магистерскиот труд.
- Полагање испит – 620 денари. Испитот се плаќа доколку предметот не се заврши во периодот определен со распоредот за наставата и треба да се полага во дополнителен испитен рок.
- Печатен индекс и студентска легитимација – 500 денари. Износот се плаќа при запишувањето на студентот.
- Литература. Задолжителната литература за предметите е прикачена во електронска верзија на Интранет системот. Печатените примероци, копирањето и/или скенирањето на задолжителната литература, како и препорачаната литература се на трошок на студентот.
- Осигурување. Доколку студентот реши дека е потребна посебна осигурителна полиса за процесот на студирање, самиот ја обезбедува и плаќа.
Начин на уплата
Уплатата се врши во банка или во пошта.
Корисник: Институт за комуникациски студии
Жиро сметка: 210-068414900130
Депонент: НЛБ Банка АД Скопје