fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Студија на случај: „гниди“, „паразити“, „сатана“: Како токсичниот говор стана нормален дел од јавниот дискурс

Токсичниот политички дискурс во Северна Македонија и понатаму е присутен во медиумите, поттикнат од силната поларизација и анонимноста на социјалните мрежи. Во периодот помеѓу 29 септември и 22 декември 2024 година, преку EOOH платформата извршивме следење на вкупно 238 објави (n=238), при што беа добиени сознанија за тоа каков е говорот на омраза насочен кон политичките претставници.

Истражувањето беше спроведено од Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со Textgain и имаше за цел да ги процени нивоата на штетни и токсични наративи насочени кон политички личности и присутни на Фејсбук, Твитер и ТикТок.