Резиме за јавна политика – Отпорност наместо деманти: одговорот на странското мешање и манипулирање со информации
Ова резиме за јавна политика ја поставува отпорноста како системски одговор на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ), наместо фрагментирани и ад хок деманти. СММИ се третира како координиран и намерен образец на влијание што може да ги поткопа демократските процеси и довербата во институциите, особено во изборни и кризни периоди. Документот предлага јасна оперативна рамка: интегрирање на пристапот во националните политики, воспоставување мала координациска структура со стандарден протокол за „информативни инциденти“, гаранции за независност на јавниот сервис, зголемена транспарентност на сопственоста и финансирањето, правила за политичко онлајн рекламирање и изборен дигитален протокол со брзи и проверливи појаснувања за синтетички и манипулирани содржини.

