fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Практики и перцепции на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите

Овој извештај ги содржи наодите од истражувањето на јавното мислење за практиките и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите. Истражувањето има цел да добие сознанија за начинот на кој граѓаните се информираат, кои се нивните теми на интерес, каква е нивната перцепција за начинот на информирање од медиумите, нивните перцепции за транспарентноста и отчетноста на државните органи и како се справуваат со дезинформациите.

Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, кој го спроведува Институтот за комуникациски студии во периодот од 2022 до 2025 година, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Проектот има цел да ја зајакне отпорноста на широката јавност и ранливите групи во Северна Македонија кон дезинформации. Станува збор за трето анкетно истражување реализирано како дел од проектот, при што можна е споредба на одговорите на учесниците за одредени прашања. Анкетното истражување беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.142 учесници – граѓани на Република Северна Македонија на возраст над 18 години, од сите региони од земјата, од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.