За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Насоки: Одговор на владата на странското мешање и манипулирање со информации

Овие насоки и обезбедуваат стратешка рамка на владата на Северна Македонија за справување со странското мешање и манипулирање со информации (СММИ). Главната цел е да се изгради општество што, долгорочно гледано, е поотпорно на дезинформации и истовремено да се заштити националната безбедност и слободата на говорот. Како гаранција дека оваа рамка ќе остане ефикасна, владата мора да се обврзе континуирано да ги истражува операциите на СММИ, користејќи ги лекциите научени од минатите мешања, за постојано усовршување и зајакнување на своите одбранбени мерки.