За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Кон национален систем за отпорност на странско мешање и манипулирање со информации

Северна Македонија, како земја на крстосница на геополитичките интереси, треба итно да воспостави интегриран и функционален систем за одговор на заканите од странско мешање и манипулирање со информации. За таа цел, можни се три модели: создавање самостоен центар за дигитална или национална отпорност, формирање национален координативен механизам под Владата, или интеграција во Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Прочитај повеќе во резимето за јавна политика.