Документ за јавни политики: Осврнување на странското мешање и манипулирање со информации во контекст на европските регулативи
Овој документ за политики ги анализира регулаторните обврски и институционалните одговорности што произлегуваат од законодавната рамка на ЕУ за зајакнување на интегритетот на информациите и зголемување на отпорноста на општеството кон странското мешање и манипулирање со информации (СММИ). Со оглед на тоа што голем број од мерките за справување со штетна содржина што потекнува од странство се опфатени со политиките против дезинформации, ќе ги вклучиме овие мерки во нашето истражување. Документот за политики започнува со краток вовед за проблемот со странското мешање и манипулирање со информации (СММИ), проследен со преглед на регулаторниот пејзаж во ЕУ.