fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа

Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион. Истражувањето има цел да ги поттикне високообразовните институции да ги следат препораките опфатени во него како и да ги оценуваат и модификуваат своите курикулуми по новинарство преку следење на индикаторите утврдени во ова истражување.