fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Партиципативен модел за јавните медиуми во Македонија: Заживување на една идеја

Како Македонската радиотелевизија (МРТ) да се трансформира во модерен радиодифузен медиум близок на граѓаните? За да се направи тоа, потребен е поинаков нормативен модел на јавен сервис од оној што е сега вграден во законската регулатива – партиципативен модел на јавен медиумски сервис. Промените кои треба да се направат мора да бидат сеопфатни – од измени на регулативата, обезбедување соодветни независни и стабилни извори на финансирање, изготвување сеопфатна стратегија за развој на МРТ и внатрешни организациски и технолошко-продукциски зафати. Документот за јавни политики „Партиципативен модел за јавните медиуми во Македонија: Заживување на една идеја“ е изготвен во рамки на проектот „Перспективи и развој на јавните медиумски сервиси: Компаративна студија на развојот на јавните радиодифузни сервиси од Западен Балкан во светлината на евроинтеграциите“.