fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Извештај од анкетата за одржливото управување со водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси

Целта на ова истражување беше да се добијат релевантни податоци од мислењето на граѓаните во врска со проблемите на кои се фокусира кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“: (1) одржливото користење и заштита на водните ресурси и (2) инспекцискиот надзор врз искористувањето со природните ресурси (минералните суровини, шумите, почвите и водите). Целта на кампањата е да се изврши промена на владините процедури и политики во овие области, како и да се подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми.

Со анкетата се опфатија два аспекта:

  1. Перцепцијата за функционирањето на јавните институции во горенаведените области, примарно преку мислењата на граѓаните за транспарентноста, инклузивноста и отчетноста на јавните институции.
  2. Ставовите на граѓаните за конкретни мерки во областите за кои ќе се спроведува јавната кампања (управувањето со водните ресурси и инспекцискиот надзор врз управувањето со минералните суровини, шумите, почвите и водите).

Истражувањето беше спроведено во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, кој го реализира Институтот за комуникациски студии, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје.