Барање за спроведување системски медиумски реформи
Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции. Од Владата, исто така се бара да започне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа со сите засегнати субјекти, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на изразување и на состојбата во медиумскиот сектор.