Покрај магистерските програми, нудиме онлајн програми за професионален развој во областите на менаџментот, лидерството, претприемништвото и стратегиските комуникации. Овие програми се овозможени од соработката со универзитети од Словенија, Турција и Литванија, со што студентите имаат пристап до врвни теоретичари и професионалци. До сега, ИКС има реализирано две бесплатни онлајн програми, финансирани од Еразмус+ програмата на Европската Унија.


Микромагистерски студии
Микромагистерските студии претставуваат бесплатни шестмесечни специјализирани програми за: (1) Претрпиемнички екосистем и иновациски стратегии; и (2) Дигитални комуникации и маркетинг. Програмите се идеални за почетници во претприемништвото, менаџментот и маркетингот и се реализираат во текот на 2020 година. Тие се приспособени за студенти, но и за работодавци, претприемачи, менаџери, консултанти и за било кој друг кој се интересира да ги подобри своите вештини за бизнис, лидерство и комуникации. По завршувањето на програмите, студентите добиваат по 25 ЕКТС кредити од област.
е-PROFMAN
е-PROFMAN беше бесплатна едногодишна онлајн програма програма за млади професионалци и студенти, која нудеше усоврушвање на менаџерските, лидерските и комуникациските вештини потребни за конкурентното бизнис опкружување. Програмата се состоеше од осум задолжителни и изборни онлајн курсеви, и од два настана - студентски камп и завршен семинар, кои се одржаа во текот на 2017 година. По завршувањето на програмата, студентите добија сертификат со 60 ЕКТС кредити.
