Родовите дезинформации во медиумите препрека за жените во спортот
Новинарските извештаи за боксерките Имане Калиф и Лин Ју-Тин за време на Летните олимписки игри во Париз во голема мера оставија простор за конзервативни и трансфобични ставови, што придонесува за одржување на родовите стереотипи, објективизација и дискриминација на спортистките и жените во општеството.
Недостатокот на работна сила отвора простор за пензионерите
Македонија старее, а рaботници има сѐ помалку. Според ЕУРОСТАТ, во 2022 година, населението постаро од 65 години изнесува 17,1 %, додека пред 10 години, 11,8 % од населението било над 65 години. Податоците на Државниот завод за статистика, пак, покажуваат дека од 2013 до 2022 година од земјава се иселиле 7 861 луѓе, од кои 719 се високообразовани кадри.
Практична обука: Откриј ги тајните на истражувачкото известување
Конципирана за новинари и студенти по новинарство, оваа обука ќе те опреми со клучните техники и алатки кои се потребни да ја подигнеш твојата истражувачка работа на следно ниво.
„Раздели па владеј“: Како се користи оваа тактика во модерната политика
„Раздели па владеј“ не е само стара поговорка што одекнува од историјата. Тоа е ефективна тактика што се користи и денес во модерната политика, особено во комуникациските кампањи на политичките партии и лидери.
Странско влијание: Ширење паника и создавање имагинарни непријатели
Во последниве години, наративите за странско влијание стануваат сè позастапен дел од политичката комуникација во многу земји, вклучувајќи ја и нашата. Овие наративи честопати подразбираат обвинувања кон странски ентитети или влади за мешање во внатрешните работи на државата и нарушување на демократските процеси.
Презентиран Водичот за медиумска писменост како модел за активно граѓанство
Моделот „медиумската писменост како активно граѓанство“ ИКС го претстави на дебатата за средношколци и „Зошто граѓанска наука во образованието?“ што го организираше невладината организација Еко Логик на 27 септември во Клубот на новинари на Македонија.
Новинари од јавните медиумски сервиси ја истражуваа улогата на вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите
Интеграција на вештачката интелигенција (ВИ) во секојдневната проверка на факти во редакциите беше областа за која се усовршија 19 новинари и медиумски професионалци на работилницата „Проверка на содржината и употребата на ВИ од јавните медиумски сервиси“, што Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја спроведе на 24 и 25 септември во Скопје.
Осми медиумски ден за средношколци: Настан што ги инспирира идните медиумски професионалци
Околу 150 средношколци од 13 средни училишта учествуваа на овогодишниот Медиумски дем што Институтот за комуникациски студии, го организира осма година по ред.
Медиумско ангажирање и описменување на младите за поголем граѓански и политички активизам
Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите.
Стручните училишта им го зедоа приматот на гимназиите
Техничките струки му го зедоа приматот на гимназиското образование. Ако порано беше престиж да се оди во општа гимназија за да се стекнат широки знаења, тоа повеќе не е случај. Од 17 000 запишани средношколци, дури 12 000 се во средни стручни училишта. Ова значи дека 70 % од учениците, наместо гимназија одбрале средно стручно училиште. Расте интересот и за дуалните паралелки.