Конференција: Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација
Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да ја проследите конференцијата „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“, што ќе се одржи на 04 декември 2024 година, почнувајќи од 13:00 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ – Скопје.
Повик за апстракти за КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 6)
ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на четвртиот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.
Интервју со истражувачкиот новинар и добитник на награда „Еми“ Аксел Хумлехе: Истражувачкото новинарство е крвотокот на медиумите
Ги кажуваме приказните што му требаат на народот, а кои моќниците не сакаат да бидат слушнати. За мене, истражувачкото новинарство е крвотокот на медиумите, вели Аксел Горд Хумлехе, истражувачки новинар во шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ, во интервју за Институтот за комуникациски студии.
Новинари од Балканот ги откриваа тајните на истражувачкото известување во Скопје
Повеќе од 30 новинари и студенти од Македонија и Западен Балкан учествуваа на трите регионални новинарски работилници „Откриј ги тајните на истражувачкото известување“, кои од 12 до 14 ноември се одржаа во Скопје.
Средношколци од Битола учествуваа во симулација на евакуација во случај на земјотрес
Учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола, денеска во просториите на училиштето имаа обука за тоа како да постапат во случај на земјотрес.
Работилница за подигнување на свесноста за ризиците од земјотресите во Битола
На работилницата се презентираа предизвиците во справувањето со природните непогоди, како и предлозите за подобра подготвеност во иднина.
Рак на дојка: Пациентките се борат и со ракот и со системот
Во Македонија, пациентките со рак на дојка не се борат само со болеста, туку и со предизвиците на здравствениот систем – од недостиг на терапија и болнички персонал до долги листи за чекање. Со растечката смртност од рак на дојка, загрижувачки е и нискиот опфат на скрининг-програмата и преоптовареноста на Клиниката за онколгија, оставајќи многу пациенти без навремена поддршка.
Работилница: компетенции за медиумската писменост
Кои знаења и вештини треба да ги поседува еден граѓанин за да биде медиумски писмен? Ова беше клучното прашање што професорите од педагошките и другите факултети од различни универзитети го дискутираа со хрватскиот професор и експерт за медиумска писменост, Игор Канижај.
Вештините на средношколците за препознавање на дезинформации во трка со вештачката интелигенција
Средношколците поседуваат вештини за препознавање на дезинформациите со кои како што велат растеле заедно, но и понатаму се случува дел од нив да „се лизнат“ и да споделат или да поверуваат во некоја манипулација. Нивниот впечаток е дека дезинформациите се масовно присутни на сите социјални мрежи, а за да ги проверат користат различни техники од проверка на изворот, кој ја напишал и споделил веста, дали веста е споделена на други медиуми, дали во веста има релевантни извори.
Средношколци учеа да раскажуваат приказни преку филм
Повеќе од 100 млади креативци снимаа кратки видеа на работилниците за краток игран и документарен филм на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“, што се одржа од 4 до 8 октомври во Скопје.