fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Конзистентно решение за координација на државните и локалните инспектори, функционален надзор од ДИЖС врз локалните инспектори, посуштински процес на планирање на инспекциските надзори, достапност на инспектори после работно време и за време на викенди, опремување на инспекторите и зајакнување на транспарентноста.

Симпозиумот имаше за цел, преку примери и искуства од професори и истражувачи од Северна Македонија и поширокиот регион, да претстави можни решенија за сеопфатно вклучување на медиумската писменост во високото образование.

Во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, ИКС и ИРЕКС ги покануваат сите универзитети и акредитирани високообразовни институции кои се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија да достават предлози за вклучување на медиумската писменост во нивните студиски програми и во други академски активности.

Во текот на месецот имаше пораст на говорот на омраза, вклучувајќи хомофобија, етничка дискриминација и сексизам низ Западен Балкан.

Општата цел на Повикот е да се зголеми ефективноста на граѓанските организации (ГО) во интеракцијата со медиумите, со цел да се намали продолжувањето и ширењето на стереотипите и негативните слики за одредени групи на граѓани.

Како локалното население да се вклучи во заштита на животната средина, зошто партнерството со медиумите е важна алка во заштитата на јавниот интерес, како да го поттикнеме екоактивизмот кај младите, но и зошто е важен Европскиот зелен договор?

Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере како се создаваат информациите и како се организирани медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, шаблоните на креирање медиуми и консумирање медиумска содржина се веќе нејасни.

Средношколци и претставници на граѓански организации, кои изминативе две години заеднички работеа на иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми, ќе споделат свои искуства на завршната конференција „Здружено за поздрава животна средина“.