Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија
Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“.
Приватност, информирање и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае
Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европското и македонското законодавство од областа на приватноста, на примери од праксата на медиумското известување во Македонија од овој аспект, и нуди препораки за подобрување на политиките во областа на приватност и информирање.
Прирачникот за јавниот интерес во новинарството
„Прирачникот за јавниот интерес во новинарството“ ги сублимира општоприфатените вредности, принципи, стандарди и практики во новинарската професија.
Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси
„Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“ ја анализира улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Македонија, и начинот на кој македонските медиуми го третираат јавниот интерес при известувањето. Документот го анализира медиумското законодавство на Македонија и нуди препораки за зајакнување на улогата на медиумите во заштитата на јавниот интерес во Македонија.
Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси
„Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“ се занимава со позначајните прашања врзани за јавниот интерес од аспект на уживањето на основните слободи и права на граѓаните и правните субјекти во Република Македонија. Целта на документот е да ги прикаже различните гледишта околу улогата на судовите во однос на балансирањето помеѓу индивидуалните слободи и права и јавниот интерес.
Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните
Појдовниот извештај „Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните“ овозможува сеопфатен преглед на тоа што претставува јавен интерес, и како овој термин е употребуван во различни правни и етички контексти.
