fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја

Кои се најгорливите еколошки проблеми во регионите со заштитени подрачја? Колку во формалното образование се учи за екологијата и заштита на животната средина? Дали младите се вклучуваат во воннаставни активности во оваа област и што преземаат граѓанските организации и институциите за зачувување на животната средина се само дел од прашањата опфатени со истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид) што го спроведе Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Главната цел на истражувањето е да се зајакнат комуникациските капацитети за застапување на граѓанските организации и младите и да се засили учеството на јавноста во носењето на одлуки за животна средина.