fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС е награден со обновена ЕРАЗМУС+ Повелба за Високо образование (2021-2027)

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е награден со обновена Европска повелба за Високото образование за периодот 2021-2027, и со тоа останува во Еразмус+ фамилијата на европски високообразовни институции.

Што претставува Еразмус+ програмата?

Еразмус + е програма воведена од страна на Европската Комисија која им овозможува на студентите од Европските земји да завршат дел од своите студии во универзитет во некоја друга Европска држава.

ИКС веќе неколку години успешно ја реализира Еразмус+ програмата со Европските партнерски Универзитети. Со обновување на Повелбата, ИКС има можност на своите студенти да им овозможи студентска размена и студентско стажирање во универзитети, истражувачки институти, компании и низа други организации во Европа.

Студентска мобилност

Програмата е одлична можност за лично и академско надградување, подобрување на јазичните вештини, стекнување на искуство со нови култури и начин на живеење. Минималниот период за студентска мобилност е 3 месеци, а максималниот период изнесува 12 месеци. Студентите што сакаат да остварат студентска размена, треба да се запишани најмалку на втора година студии. треба да имаат постигнато солиден успех за време на студиите и да имаат одлично познавање на англискиот јазик. Размената може да биде реализирана во некој од партнерските универзитети на ИКС (пр. Универзитетот Витаутас Магнус во Литванија, Унверзитетот Белград во Србија).

Студентско стажирање

Студентското стажирање е наменето за студентите на ИКС кои сакаат да стекнат практично искуство преку работа во некоја од организациите или институции партнери на ИКС (освен во службени тела и институции на Европската Унија). Во зависност од договорот, стажирањето може да се реализира во период од 2 до 12 месеци. Стажирањето е возможно и за студенти кои неодамна (стажирањето мора да биде остварено во рок од една година по магистрирањето) ги завршиле своите студии на ИКС.

Студентите се поддржани од ИКС со соодветен месечен финансиски надоместок за време на нивниот престој во странство.

Како да аплицирам?

Студентите на ИКС што сакаат да студираат или стажираат во странство треба да го контактираат нашиот Еразмус координатор (Бојан Георгиевски – ).