fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Моника Аксентиевска

Моника Аксентиевска ги има завршено своите додипломски студии на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје. Почнувајќи од 2016 година, таа е дел од тимот на истражувачи на Институтот за комуникациски студии (ИКС) при што активно учествува во спроведувањето на повеќе проекти.