fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Александра Теменугова

Александра Теменугова е поранешна ТВ новинарка која во 2005 г., својата кариера ја продолжи во високото образование за новинарство. Од 2008-2018 ја раководеше студиската програма по новинарство при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје. Предавала Основи на новинарство, ТВ новинарство и Етика во новинарството.

Како пасиониран активист и истражувач во областа на медиумската писменост, Теменугова раководи со повеќе проекти, активности и истражувања на ИКС во оваа област. Таа уредник на единствениот средношколски весник во Македонија „Медиум“ и веб страницата www.medium.edu.mk. Теменугова го координираше европскиот проект Македонска коалиција за медиумска писменост (MAMIL) што во 2019тата година Европската комисија го препозна како еден од десетте најдобри проекти за медиумска писменост во Европа и беше претставен во Брисел.

Теменугова секоја година го организира т.н. Медиумски ден што ИКС го организира од 2014-та година, организира Медиумски лаборатории во средните училишта, летни кампови за медиумска писменост и средношколски конкурси за медиумско изразување.

Коавтор е на повеќе истражувања, публикации и прирачници за медиумска писменост.