За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

научен соработник д-р Мери Каранфиловска

Д-р Мери Каранфиловскa дипломирала на катедрата за маркетинг при Економскиот факултет во Скопје, каде и магистрирала на тема „Маркетинг во непрофитни организации“. Во 2014 година ја одбранила докторската теза „Улогата и значењето на социјалниот маркетинг и неговата примена во РМ“, пријавена на Економскиот институт во Скопје.

Последните 15 години има учествувано во голем број на проекти реализирани од Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста и професионалните предизвици ги бара во примената на маркетингот, но овој пат адаптирани на правилата за работа во непрофитниот сектор, од каде се манифестира и идејата за подлабоко научно истражување и стручно усовршување кое резултираше со повеќе научни трудови.