За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

м-р Марко Трошановски

Марко Трошановски е директор на Институтот за демократија Societas Civilis во Скопје. Дипломирал на отсекот Политички науки на Правниот факултет во Скопје во групата на Јавно мислење и масовни комуникации. Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања при УКИМ во групата на Комуникации. Во академската 2008/09 година како Фулбрајт стипендист остварува истражувачки престој на Универзитетот во Канзас. Моментално е докторант на Правниот факултет, отсек политички студии.

Бил предавач на Високата школа на новинарство и односи со јавноста и бил ангажиран како демонстратор и асистент на Политички науки при УКИМ и на Европскиот универзитет Скопје по предметите Медиуми и политика, Јавно мислење и масовни комуникации и Вовед во комуникациски теории.

Во 2008 работел како истражувач во Debate Watch- Commission of Presidential Debates на претседателските дебати во САД и како гостин истражувач на Факултетот за новинарство и масовни комуникации на Универзитетот во Канзас.

Како свои академски интереси ги има политичката комуникација и комуникациските теории. Член е на NCA –National Communication Association.