За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

вон. проф. д-р Славица Цицвариќ Костиќ

Доцент д-р Славица Цицвариќ Костиќ има докторирано на Факултетот за организациски науки при Универзитетот во Белград во областа на односите со јавноста и маркетингот во јавната администрација. Магистерскиот труд го има одбрането на истиот факултет во областа на менаџирање на бренд. Таа е сертифициран обучувач од Чартеред институтот за менаџмент во Лондон, Велика Британија.

Цицвариќ Костиќ работи како професор на Одделот за маркетинг менаџмент и односи со јавноста на белградскиот Факултет за организациски науки, кадешто предава на додипломските и постдипломските студии. Таа држи предавања и на меѓународните студиски програми во областа на меѓународен маркетинг менаџмент, односи со јавност и управување во администрација, кои Универзитетот во Белград ги има развиено со свои партнерски универзитети, како и на Универзитетот за економија и менаџмент ИСМ во Литванија и на Факултетот за економија и менаџмент при Универзитетот во Нитра, Словачка.

Автор е на книгите „Комуникации и маркетинг во јавната администрација” (Белград, 2011) и „Бренд – создавање, позиционирање и управување” (Белград, 2006).

Цицвариќ Костиќ била обучувач на голем број обуки и семинари во областа на маркетингот и корпоративните комуникации и била ангажирана како консултант во повеќе проекти.

Активна е во организирањето на семинари, симпозиуми, конференции, тркалезни маси и медиумски настани како член на тимот за односи со јавност на нејзиниот матичен факултет и редовно присуствува и активно учествува на домашни и меѓународни семинари, симпозиуми и конференции за односи со јавност и маркетинг.

Таа членува во повеќе професионални здруженија и тела, меѓу кои се Советот на Здружението за односи со јавност на Србија, стручното жири за годишните награди за односи со јавност и маркетинг комуникации во Србија, Српската маркетинг асоцијација (SЕМА), Европската маркетинг академија (EMAC), Меѓународниот советодавен совет на маркетинг практичари и Уредничкиот одбор на Меѓународниот журнал на маркетинг принципи и практики.